Израел уби 14 Палестинци, најмалку 10 во истата куќа во Газа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 14 Палестинци загинаа во денешните израелски напади врз Појасот Газа, од кои десет беа убиени во истата куќа во градот Газа, соопштија здравствените власти во окупираната енклава.

Loading...

Палестинските лекари објавија дека најмалку 10 лица загинале во воздушен напад врз куќа во предградието Дараз во Газа, додека една зграда е исто така уништена, а околните куќи се оштетени, пренесува Ројтерс.

Во два одделни израелски напади врз градот Газа и Беит Лахија, на северот од енклавата, загинаа уште најмалку четири лица.

Во исто време, жителите рекоа дека израелски тенкови напредуваат кон хуманитарната област Маваси, во близина на градот Рафах на југот на Појасот Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се деталите за можниот договор со Хамас

Десетици раселени семејства кои се засолниле во Маваса биле принудени повторно да побегнат, на север кон Кан Јунис, поради израелски тенк оган во хуманитарната зона, наведува британската агенција.

Од почетокот на израелската војна во Појасот Газа во октомври 2023 година, според палестинското Министерство за здравство во енклавата, загинале најмалку 45.028 Палестинци, а најмалку 106.962 биле ранети.

Палестинските власти предупредуваат дека вистинскиот биланс на загинати е веројатно поголем бидејќи илјадници тела се закопани под урнатините или во областите каде што медицинските лица не можат да пристапат.