Израел ја гранатира Газа

Сподели со своите пријатели

Израелската армија денеска соопшти дека почнала да гаѓа цели во Појасот Газа како одговор на лансирањето проектили од тоа подрачје.

Loading...

„Армијата изведува напади во Појасот Газа како одговор на ракета истрелана синоќа во правец на областа Ашкелон“, напиша на Твитер портпаролот на израелските одбранбени сили Авичај Едри.

Според палестинските медиуми, израелски авиони ги нападнале позициите на владејачкото палестинско движење Хамас во централниот дел на Појасот Газа.

Претходно денеска прес-службата на израелската армија објави дека израелскиот систем за противвоздушна одбрана пресретнал проектил истрелан на израелска територија од Појасот Газа, се вели во соопштението.

Во околината на градот Ашкелон и областите на границата со Појасот Газа се огласи предупредувачки сигнал за можен ракетен напад.