Излекувани се над 50 здравствени работници од кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Над педесет здравствени работници од Општа болница Куманово кои беа дел од седумдесетината заразени со коронавирусот се излекувани и вратени на работа.

Loading...

Како што појасни министерот за здравство Венко Филипче според протоколите направени им се по два тестови кои што биле негативни и тие се вратени на своите работни места, а сите одделенија во кумановската болница функционираат нормално.

Од вкупно 235 заболени здравствени работници во државата од почетокот на епидемијата на коронавирусот, како што вели Филипче, 184 се излекувани и голем дел од нив се веќе на своите работни места.

Никола Ивановски

Leave a Reply