Изградил лажен граничен премин, за да им зема пари на мигрантите

Сподели со своите пријатели

Руските власти уапсиле маж, откако тој направил лажен граничен премин во близина на територијата на Финска со намера да зема пари од очајни луѓе кои би сакале да влезат во Европската унија.

Loading...

Неименуваниот човек наводно им ветил на мигрантите дека ќе се преселат од Русија во Европа за да најдат работа и подобар живот.

Руските власти соопштија дека тоа воопшто не била негова намера, туку наместо тоа, изградил лажен граничен премин во село во близина на Скандинавија за да им зема пари.

На групата, во која биле четворица Азијци, им зел 10.000 евра, откако им ветил дека ќе им помогне да ја минат границата безбедно и да влезат во Финска, пренесува Independent.

Тој ја однел групата во регионот Виборг, Русија, а потоа ги придружувал по селски патишта и шуми, носејќи со себе и чамец на дување, „за секој случај“.

Руската полиција ги уапсила и мигрантите и измамникот. Мигрантите биле казнети од судот во Санкт Петербург и била наредена нивна депортација.

Leave a Reply