Изградбата на нов кружен тек во Куманово ќе стартува најдоцна до 15 јули (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најдоцна до 15 јули треба да започнат градежни активности на терен за изведување на нов кружен тек кој ќе би поврзе двата булевари „Октомвриска револуција“ и „Трета Македонска Ударна Бригада“ во Куманово.

Loading...

 

фото: архива

 

Денеска одговарајќи на советничко прашање од Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот Максим Димитриевски истакна дека тендерската постапка за оваа сообраќајно решение е завршена, а се чеке дозволата за градба, која веќе е во процедура.

– Со овој проект ќе се добие нов кружен ток со кој ќе се регулира сообраќајот во овој дел од градот. Според проектот кој претходно беше пуштен како решение на јавна анкета, на социјалните мрежи и електронски медиуми, дури беше правена и теренска анкета, наиде на огромно одобрување од граѓаните, рече градоначалникот.

 

 

Loading...

Овој кружен тек ќе биде поголем од оној изграден на влезот на градот, а всушност ќе се изгради и еден помал кој во целата шема треба да ја поврзе и улицата „Моша Пијаде“ со булеварот „Трета МУБ“. Сепак ненам техничка можност, вели Димитриевски, да се поврзе улицата од селото Проевце кај Митев мост.

Откако ќе се заврши овој кружен тек, кој граѓаните ќе ги чини 30 милиони денари, ќе се премине на следна фаза за изградба на кружни текови кај локалитетот Серава и локацијата „Два елена“ на булеварот „Октомвриска револуција“.

 

 

Граѓаните, вели градоначалникот, ги поздравуваат ваквите сообраќајни решенија и прашуваат зошто не се постапи така со сите крстосници во градот.

– Граѓаните прашуваат зошто не ги регулраме сите со мали кружни токови. Куманово има јавен превоз и при изработка на ваква техничка документација треба да биде осмислено да се движат непречено автобусите во една сообраќајна лента или во овој случај во две или три постоечки. Тоа значи обемот на кругот доаѓа поголем за да се запази тој радиус на кружно движење. Куманово не може своите сообраќајници да ги уредува како Гостивар или Тетово, бидејќи тамо имаме мали кружни текови само за автомобили, каде нам товарни возила и автобуси, рече Димитриевски.

 

Loading...

 

Инаку кружните текови се проекти кои ги изготвува јавното претпријатие „Куманово план“.

Никола Ивановски

Leave a Reply