Избегал од затвор па им испратил разгледница „Поздрав од Тајланд“

Сподели со своите пријатели

Осуденик кој избегал од белгискиот затвор минатиот месец ги насмеал неговите поранешни „цимери“, откако им испратил разгледница со порака „Поздрав од Тајланд“.

Loading...

Уалид Секаки е еден од петте затвореници кои избегале од затворот во округот Антверпен во декември прескокнувајќи го затворскиот ѕид и стигнале до автомобил за бегство, кој бил паркиран во близина.

Најголемата тајна на СФРЈ: Фотографија од ТИТО како затвореник (ФОТО+ВИДЕО)

– Писмото беше упатено до тројца администратори. Пликот ја содржеше неговата затворска ознака и разгледница со (зборови) – „Поздрав од Тајланд“ – пишува Индепендент.

Властите веруваат дека писмото е автентично, иако не е сигурно дека бегалецот е во Тајланд.

Додека тројцата затвореници биле приведени набргу по бегството и четвртиот во јануари во Холандија, од Секаки немало никаква трага и глас сè додека не се појави разгледницата.

Албански затвореник си отворил профил на Инстаграм и ги исмева британските затвори (видео)

Постарот брат избегал со хеликоптер од затвор

Loading...

Секаки е по потекло Мароканец. Тој бил  уапсен во 2017 година, откако полицијата пронашла 25.000 апчиња екстази во неговиот автомобил.

Неговиот постар брат Ашраф исто така неколку пати избегал од затвор и во 2009 година користел хеликоптер за да избега.

Leave a Reply