Истанбулскиот центар одобри испловување на уште четири бродови со храна

Сподели со своите пријатели

Заедничкиот координативен центар со седиште во Истанбул одобри заминување на уште четири бродови со вкупно 64.657 тони храна од украинските пристаништа.

Loading...

Според Центарот, „Сафир ага“ со 3.300 тони соја ќе замине за Турција, бродовите „Норд Старк“ и „Сели М“ од пристаништето Черноморск во Шпанија и Либан ќе превезат 27.500 тони жито и 6.857 тони пченка, а бродот „Хадар“ ќе плови од пристаништето Саут кон Италија со 23.500 тони пченица и 3.500 тони пченка, пренесе ТАС С.

Овие бродови се очекува да испловат денеска.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.