Испораките на американски тенкови во Украина може да траат со месеци

Сподели со своите пријатели

Белата куќа објави дека може да бидат потребни многу месеци за моќните американски тенкови што претседателот Џо Бајден одлучи да ги испрати во Украина да пристигнат на нивната дестинација.

Loading...

Украина треба да биде подготвена за периодот кога ќе се подобри времето и ќе се забрза руската офанзива, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, а пренесува Ројтерс.

Тој нагласи дека Вашингтон мора да ја поддржи Украина колку што е потребно и додаде дека нема индикации дека рускиот лидер Владимир Путин има планови за напад на територијата на НАТО.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.