Иран негира дека ѝ испорачува дронови на Русија

Сподели со своите пријатели

Иран објави дека не и доставил дронови на Русија што би биле користени во војната во Украина.

Loading...

Портпаролот на Министерството за надворешни работи во Техеран, Насер Канани, рече дека тврдењата дека Иран ѝ испорачува дронови на Русија „имаат политички амбиции и се шират од западни извори“.

„Не ѝ дадовме оружје на ниту една земја во војната“, изјави Канани на новинарите, пренесува Ројтерс.

Киев тврди дека Русија користи беспилотни летала „Шахид-136“ од иранско производство во нападите врз Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Место каде времето застанало: Советски град на Северниот пол стана магнет за туристи (ФОТО)