Инженер на подморницата добил отказ, тврдел дека не може да го издржи притисокот на 4000m

Сподели со своите пријатели

Откако пет лица ги загубија животите при експлозија на миниподморница во водите на Северниот Атлантик, утрово беше објавена информација која укажува на можна техничка негрижа од страна на американската компанија OceanGate Expeditions, која управуваше со подморницата Титан.

Loading...

ABC News објави дека поранешен вработен во OceanGate бил отпуштен поради загриженост за контрола на квалитетот и тестирање за потенцијални недостатоци во експерименталната подморница.

Дејвид Лохриџ, инженер и капетан на подморница, во 2018 година во противтужбата против OceanGate тврдеше дека компанијата го отпуштила затоа што изразил загриженост за дизајнот и тестирањето на трупот.

АФП пишува дека Лохриџ тврдел дека големиот отвор во предниот дел на подморницата бил дизајниран да издржи притисок на длабочина од 1.300 метри, а не на 4.000 метри, колку што е длабочината до која се упати оваа мала научно-туристичка подморница во неделата со пет патници кои ги загубија животите во нејзината „катастрофална имплозија“