„Интрига и љубов“ нова онлајн претстава на кумановскиот театар

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот театар продолжува со online репертоарот, од денеска гледачите можат да ја проследат претставата „Интрига и љубов“.

Loading...

-Почитувана публико, благодарност за поддршката за нашиот online театар. Денес на нашиот online репертоар е претставата „Интрига и љубов“. Се надеваме дека ќе уживате, велат од кумановскиот театар.

Претставата ќе биде на следниов линк:

Претставата е работена според текст на Фридрих Шилер, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а играат Јордан Витанов, Антонио Димитриевски, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, Марко Трајковиќ, Александра Пешевска, Нина Максимова и Мирослав Петковиќ.

Претставата премиерно беше прикажана во 2017-та година.

Се работи за сценски богата претстава во која е раскажана приказната за забранетата љубов на двајца млади, благородник и граѓанка, на кои им се вплеткуваат манипулатори од повисоките општествени слоеви преку различни интриги.

Претходно кумановскиот театар ги прикачи детските претстави „Волшебникот од Оз“ и „Пинокио“, комедијата „Бегај, еве ја жена ти-Па не баш“ и „Ревизор“.

Leave a Reply