Кумановскиот театар со онлајн претстави за деца

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот театар од денеска почна со прикажување онлајн претстави на facebook профилите на Театар Куманово и НУЦК „Трајко Прокопиев“, информираа денеска надлежните од оваа  установа. Прва е прикачена детската претстава „Волебникот од Оз“, а во следните денови, најави директорот на установата, Сашо Тодоровски, онлајн ќе можат да се гледаат претставите „Ревизор“, „Јованче и Марика“, „Бегај, еве ја жена ти“, „Околиска болница“.

Loading...

-Ги поканувам децата и родителите да ја проследат претставата, да коментираат и да предложат нова претстава која ќе ја реализираме во иднина- изјави Тодоровски.

Од Центарот за култура Куманово, посочуваат дека , Театар Куманово со години наназад работи на детски претстави и зајакнување на репертоарот за деца. 

-Најмалите се наша значајна публика и поддржувањето на нивниот воспитно-образовен процес е нешто што ние го работиме со многу љубов. Затоа, во овие денови без училиште, повелете на нашиот online настан и погледнете една од нашите најпопуларни детски претстави. Од денес до петок  можете да ја гледате на следниов линк:

https://www.youtube.com/watch?v=7nixc4yRxPk&feature=youtu.be

Останете дома со вашите деца и уживајте во нашата сценска приказна-повикаа од театарот.

„Волшебникот од Оз“ премирно беше изведена  во 2016 година. 

МИА

Leave a Reply