Институт за војна: Украина на пат кон голема победа

Сподели со своите пријатели

Американскиот безбедносен и одбранбен тинк-тенк Институт за воени студии (ISW) во својот најнов извештај објави дека Украина има иницијатива на фронтот и е на пат да постигне огромна победа во регионот Херсон.

Loading...

Дополнително, украинското ослободување на Херсон нема да биде последната победа на Украина во војната, според проценката на Институтот за воени студии.

Аналитичарите на ISW предвидуваат дека борбите ќе продолжат не само на југ, туку и околу градот Бахмут во источниот регион Доњецк, единственото место каде руските сили сѐ уште се обидуваат да нападнат и да заземат територија.

Што се однесува до северниот регион Луганск, украинските сили продолжуваат да вршат контранапад таму, објави ISW.

Вчера, за потсетување, Русија потврди дека нејзините сили се повлекуваат од регионот Херсон, а украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Украина ослободила дури 41 населба, пренесува Индекс.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...