Институт за војна: Два дена ракетирање значително ја оштети најголемата европска нуклеарна централа

Сподели со своите пријатели

Дводневниот интензивен ракетен оган врз најголемата нуклеарна централа во Европа остави значителна штета, објави Институтот за војна во својот нов извештај.

Loading...

Како што пишуваат, ракетниот оган значително ја оштетил нуклеарната централа Запорожје.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во понеделникот доцна навечер објави дека нема директна закана за безбедноста на реакторот и дека складиштата за гориво се недопрени и покрај бројните гранати.

Русија и Украина продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно за ракетниот истрел во Запорожје.

Украинските разузнавачи објавија дека руските сили планираат да извршат напади врз клучната белоруска инфраструктура под лажни изговори, но всушност да извршат притисок врз белоруската армија да се вклучи во војната во Украина.

Украинската армија продолжува со воените операции во областа на Миколаев, како и со контраофанзиви, додека Русите продолжуваат со нападите околу Бахмут и Авдивка. Исто така, мобилизираните Руси продолжуваат со бунтови и бегства, се додава.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.