Инспирирани од „Војна на ѕвездите“ научниците создадоа вештачка кожа што чувствува допир

Сподели со своите пријатели

Научниците од Сингапур развија „електронска кожа“ која е во состојба да почувствува допир, што е иновација за која веруваат дека ќе им помогне на луѓето со вештачки протези да препознаваат предмети и да ја чувствуваат нивната текстура, па дури и температурата и болката.

Loading...

„Кожата“ наречена ACES се состои од стотици мали сензори и е со големина од еден квадратен сантиметар.

Научниците во Франција сакаат да го копираат процесот со кој Сонцето добива енергија

Научниците од Националниот универзитет во Сингапур велат дека овој уред може да ги обработува информациите побрзо од човечкиот нервен систем и е способен да препознае 20 до 30 различни текстури, и може да го прочита Брајовото писмо со повеќе од 90 проценти точност.

Луѓето треба да го „лизгаат“ прстот на некој предмет за да ја почувствуваат текстурата, но оваа кожа со само еден допир може да препознае текстура со различна јачина, вели водачот на тимот Бенџамин Те, додавајќи дека алгоритмите за вештачка интелигенција му овозможуваат на уредот брзо да учи.

Демонстрацијата покажа како уредот може да препознае дека топката што го ослободува стресот е мека и утврди дека пластичната топка е тврда.

Научниците згрозени: „Метан протекува во земјината атмосфера, тоа е загрижувачко“ (ВИДЕО)

„Кога ќе го изгубите чувството за допир, чувствувате вкочанетост… луѓето што носат протези го имаат тој проблем“, вели Те.

Loading...

„Со создавање вештачка верзија на кожата за нивните протези, тие можат повторно да ја почувствуваат топлината со својата рака и да се чувствуваат меко или колку она што го држат во раката“, вели Те.

Тој додава дека концептот е резултат на инспирација од сцена од трилогијата „Војна на Sвездите“, во која ликот Лук Скајвокер ја губи десната рака и добива робот со кој, се чини, може да го почувствува допирот.

Технологијата е сè уште во експериментална фаза, но има голем интерес, особено од медицинската заедница, вели Те.

Нов модел би можел да ги предвидува земјотресите, тврдат научниците

Неговиот тим веќе измислил транспарентна кожа што може да се обнови кога се искинува и материјал што испушта светлина за електронските уреди, вели Те.

Leave a Reply