Инспекторите на МААЕ ќе посетат две нуклеарни локации во Украина

Сподели со своите пријатели

Генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изјави дека инспекторите на агенцијата во наредните денови ќе посетат две нуклеарни локации во Украина, а целта е да се откријат сите можни непријавени нуклеарни активности и материјали.

Loading...

Гроси изјави дека МААЕ е запознаена со тврдењата на Русија за наводни активности на две нуклеарни локации во Украина и додаде дека вчера МААЕ добила писмено барање од Украина да испрати тимови инспектори на тие две локации, објавено е на веб-страницата на МААЕ.

– МААЕ изврши увид на едно од овие локации пред еден месец и сите наши наоди беа во согласност со декларациите за заштитните мерки на Украина – рече Гроси.

Според Гроси, двете локации се под заштита на МААЕ и редовно ги посетуваат инспекторите на агенцијата.

„Валкана бомба“

Укринформ претходно објави дека министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба официјално ја поканил МААЕ да испрати експерти во нуклеарните постројки на Украина за да ги побијат руските тврдења дека Киев се подготвува да употреби „валкана бомба“.

Дебатата меѓу Русија и Западот за „валканата бомба“, конвенционална бомба со нуклеарен материјал, започна во неделата, кога рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Москва е загрижена дека Киев може да ја користи за време на војна.

Западот и Украина ја отфрлија можноста Киев да фрли ваква бомба на украинска територија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...