Инфлација во Чешка од 12,7 отсто, највисока од 1998 година

Сподели со своите пријатели

Во Чешка инфлацијата во март достигна 12,7 отсто во однос на истиот период лани и е највисока од мај 1998 година, кога беше 13 отсто, објави денеска Централниот завод за статистика.

Loading...

Моторот на инфлацијата во март беше горивото, 50 отсто поскапо од пред една година, гасот поскапе за 37,7 отсто, струјата за 24,7 отсто, трошоците за одржување на становите за 16,4 отсто и парното и топлата вода, кои Чесите ги плаќаат сега.13,9 проценти повеќе отколку во март 2021 година.

 

Нехамер отпатува во Москва за да разговара со Путин

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Водата поскапе за 5,3 отсто, а кириите за 4,4 отсто, покажуваат статичните податоци за март, пренесува Бета.

Од намирниците рекордер во поскапување е путерот кој е поскап за 31,9 отсто, потоа брашното поскапе за 30,3 отсто, компирот за 21,4 отсто и млекото за 20,1 отсто.

Поскапува и облеката, за речиси 20 отсто, а обувките за 15 отсто.

Loading...

 

Зеленски: Русија собира десетици илјади војници за офанзивата

 

Ваквата висока инфлација, со која Чешката народна банка се обидува да се избори со зголемување на каматните стапки, не ги изненади аналитичарите, иако Министерството за финансии предвиде годишна стапка на инфлација од 8,5 отсто во јануари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Министерството кон крајот на минатата недела ги ревидираше прогнозите и сега наместо економски раст од 3,1 отсто очекува раст од само 1,2 отсто за годинава, а процени дека инфлацијата на крајот на годината ќе достигне 12,3 отсто.

 

САД продолжуваат да испраќаат оружје во Украина

 

Loading...

Според таа проценка, инфлацијата треба да кулминира во вториот квартал на 13 отсто, оваа година двоцифрена и следната година да се врати на околу 4,4 отсто, со предупредување дека прогнозата е неизвесна бидејќи зависи и од војната во Украина.

Третата највисока стапка во Европската унија ја имаше Чешка во февруари, кога нејзината инфлација достигна 11,1 отсто, кога просекот во Унијата беше 6,2 отсто, а во еврозоната 5,1 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари