Индиските авиокомпании добија речиси 1.000 лажни закани за бомби

Сподели со своите пријатели

Индиските авиокомпании и аеродроми добиле 999 лажни закани за бомби оваа година, објави денеска во Парламентот индискиот заменик министер за цивилна авијација, Мурлидар Мохол.

Loading...

Тој посочи дека ова е речиси 10 пати повеќе од бројот на закани во 2023 година, пренесе Би-Би-Си.

Според него, само во последните две недели од октомври биле примени повеќе од 500 лажни закани за бомби.

Драматичното зголемување на бројот на лажни аларми предизвика хаос на аеродромите, што доведе до значителни нарушувања во воздушниот сообраќај и распоредот на летови.

Мохол изјави дека не била пронајдена вистинска опасност на ниту еден од аеродромите или авионите до кои биле упатени закани за поставени бомби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена истрага протув Јун Сук Јеол поради прогласување воена состојба во Јужна Кореја

Во врска со овие закани полицијата уапси 12 лица, а поднесени се 256 пријави.

Помеѓу 2014 и 2017 година, властите регистрирале само 120 лажни аларми на аеродромите, од кои речиси половина биле на двата најголеми аеродроми во земјата во Њу Делхи и Мумбаи.

Поради лажни закани, во некои случаи биле вмешани и службите на странски држави, па во октомври Сингапурското воено воздухопловство испратило двајца свои ловци да го придружуваат авионот на Ер Индија експрес кој добил порака дека на него е поставена бомба, Танјуг.

Loading...

Во истиот месец, друг авион на Ер Индија, кој летал од Њу Делхи за Чикаго, морал да слета на оддалечен аеродром во Канада, откако добил закана која се покажала како лажна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обрачот околу Макрон се стега по падот на владата

Минатата година во Индија биле превезени повеќе од 150 милиони патници, покажуваат податоците на Министерството за цивилно воздухопловство.