Инцидент во Куманово: Му се заканувал, па му го оштетиле возилото

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен кумановец викендов пријавил дека кон него биле упатени закани, а потоа две лица му го оштетиле и возилото.

Loading...

– На 13.05.2023 во 15.30 часот во Полициска станица Куманово, Ф.Р.(30) пријавил дека околу 15.00 часот во Куманово, А.Ф. со остар предмет му упатил закани, по што заедно со И.Ф. со тврд предмет му го оштетиле неговото паркирано возило, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски