Има само 10 години, а дури 192 килограми (видео)

Сподели со своите пријатели

10 годишниот Арја Перман од Индонезија има дури 192 килограми. Секој ден има по пет оброци, главно ориз, говедско месо и зелечнук, со кои дневно може да се нахранат две возрасни лица.

-Тој е секогаш гладен и невозможно е да не му дадеш храна, вели мајката на детето.

Арја стално е уморен и се жали на отежнато дишење, само јаде и спие.

-Сакам да го видам својот син како студира и си игра со другите деца, нагласува мајката.

Неговиот татко Аде истакнува дека тие како сиромашно семејство, не можат да му пружат многу.

-Одевме кај лекар и ни рекоа дека стравуваат за неговото здравје, но не знаат како да му помогнат. Засега пробуваме со диета, па се надеваме дека ќе помогне, вели неговиот татко.

 

Loading...