Илон Маск се закани дека ќе формира партија ако Конгресот го усвои законот на Трамп

Loading...
Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на Платформа X и милијардерот Илон Маск се закани дека ќе основа нова политичка партија – „Американска партија“ ако Конгресот го усвои законот за даноци предложен од администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави American Politico.

Во објава на мрежата X, Маск рече дека неговата партија ќе биде формирана „веднаш следниот ден“ по усвојувањето на законот што го нарече „луд“ и го критикуваше како неконзистентен со принципите на фискална одговорност.

„На нашата земја ѝ е потребна алтернатива на демократско-републиканскиот еднопартиски систем за да може народот навистина да има глас“, напиша Маск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Венс: Ерата на американската доминација во светот е завршена

Тој објави дека финансиски ќе ги поддржи противниците на оние членови на Конгресот кои гласаат за законот.

„Секој член на Конгресот кој се залагаше за намалување на владините трошоци, а потоа веднаш гласаше за најголемото зголемување на долгот во историјата, треба да се засрами од себе – и да ги изгуби следните избори“, рече Макс.

Тој, исто така, ги критикуваше членовите на конзервативниот Каукус за слобода во Претставничкиот дом, поточно претставниците Чип Рој од Тексас и Енди Харис од Мериленд, наведувајќи дека со поддршката на законот „ги предадоа сопствените принципи“.

Законот, наречен „Еден голем, прекрасен закон“, предвидува зголемени буџети за гранична безбедност, одбрана и енергетика, додека финансирањето за здравствени и социјални програми се намалува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лансет: 14 милиони луѓе би можеле да умрат поради намалувањето на помошта од Трамп

Критичарите, вклучувајќи го и Маск, тврдат дека законот би можел значително да го зголеми националниот долг и да ги ограничи инвестициите во обновливи извори на енергија.

Loading...

Конечното гласање во Сенатот се очекува во наредните денови.