Илјадници ледени јајца прекрија плажа во Финска

Сподели со своите пријатели

Благодарение на ретката атмосферска појава, илјадници ледени топки ја покрија плажата во Финска.

Loading...

Аматерскиот фотограф Ристо Матила наишол на овие „ледени јајца“ на островот Хајзлот во Заливот на Бетња меѓу Финска и Шведска.

Село во кое 250 парови имаат близнаци: Феноменот е мистерија (ВИДЕО)

Експертите велат дека оваа појава е предизвикана од редок процес во кој ветрот и водата тркалаат парчиња мраз.

Фотографот Матила, кој живее во блискиот град Олу, за Би-Би-Си раскажал дека никогаш не видел такво нешто.

ПРИРОДЕН ФЕНОМЕН: „Три Сонца“ во Русија (ВИДЕО)

„Бев со сопругата на плажата Марјаниеми. Времето беше сончево, беше околу -1 степен и прилично ветровито. Тогаш го најдовме овој неверојатен феномен. Снегот и ледените јајца беа долж плажата покрај вода, објаснува Ристо.

Луѓето со сина кожа од Кентаки се вистински медицински феномен (ВИДЕО)

Loading...

Ледената покривка зафаќа површина од околу 30 метри. Најмалите топки биле со големина на јајце и најголемата со големина на фудбалска топка.

https://www.instagram.com/p/B4aYEeAhOSC/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply