И Инстаграм овозможува креирање на Messenger rooms

Сподели со своите пријатели

Функцијата за видео повици Messenger rooms  на „Фејсбук“ започна да им станува достапна на корисниците претходно овој месец, кога компанијата исто така објави планови за интеграција со „Инстаграм“.

Loading...

Овие планови сега се реализираа, а корисниците на Инстаграм можат да создадат групи на Messenger Rooms во самата апликација.

Мапа која го следи развојот на 5G мрежата во светот: Како стои Македонија?

Треба да го притиснете видео копчето во горниот десен агол на Instagram Direct, а потоа одберете ја опцијата Create a room, по што се избираат контакти што сакате да ги имате во групниот видео повик.

После тоа, можно е да се создаде врска што може да се сподели со корисниците на платформата, или можно е да отидете во апликацијата Messenger и да го притиснете копчето Join Room.

До 50 корисници можат да се приклучат на „Messenger Room“ со групни видео повици, а оние што немаат профил на „Фејсбук“, исто така, можат да учествуваат во разговорот.

Бесплатна апликација на луѓето им ги испразни сметките (ВИДЕО)

Покрај Инстаграм, Фејсбук започна со тестирање на функцијата на бета каналот WhatsApp, а наскоро ќе ги имплементира и Messenger Rooms во стабилна верзија на апликацијата.

Loading...

Leave a Reply