Мапа која го следи развојот на 5G мрежата во светот: Како стои Македонија?

Сподели со своите пријатели

Ookla, најпознат по Ookla speed test што ја мери брзината на интернетот, создаде интерактивна мапа за да се следи ширењето на развојот на 5G мрежата во светот.

Loading...

Покрај тоа што ги покажува местата каде се развиваат базните станици за 5G мрежата, Ookla следи и некои статистички податоци што може да бидат интересни.

Сакале или не, 5G мрежата ќе има широка примена

На пример, во светот досега има 8.782 5G мрежни инсталации, а можно е да се филтрираат податоците на картата со исклучување на оние што се „ограничено достапни“ или „во фазата на пред пуштање“, или во она што би можеле да го наречеме експериментална фаза.

На мапата се наоѓа и Македонија, но засега има една единствена инсталација од типот на 5G мрежата и истата е во „фаза на пред пуштање“ односно во експериментална фаза и се наоѓа во Скопје, во сопственост на „Македонски телеком“.

Збогум на СМС, добредојде на 5G пораките

Впрочем и сите држави во регионот имаат вакви станици кои се во експериментална фаза. Во близина најдобро опремени се Романија, Унгарија и Хрватска.

 

Loading...

 

Што се однесува до „рекордерите“, САД се најдобро покриени со 5G мрежата, а следат Кина и Јапонија. Од европските земји лидер е Холандија.

За да видите сè, вклучувајќи ги и „експерименталните“ инсталации, не заборавајте да ги означите сите три категории десно.

Виена сака целиот град да биде покриен со 5G мрежа

Мапата Ookla 5G се ажурира секоја недела, и можете да пристапите ТУКА.

Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)

Leave a Reply