И Дизни се подготвува да дели откази

Сподели со своите пријатели

По октазите кои ги подели Твитер, а следеа најави за отпуштања на работници од Мета и Амазон, сега на ред е Дизни.

Loading...

Извршниот директор на Дизни, Боб Чапек, предвидува намалување на работните места откако компанијата ќе ги прегледа своите трошоци.

Компанијата ќе им го прекине и работниот однос на работниците.

Ако Дизни започне со масовни отпуштања, тоа ќе биде една од многуте компании кои ги презедоа истите чекори.

Десетици работници останаа без работа во телевизијата Ворнер Брос. и HBO Max оваа година.

Нетфликс, исто така, отпушти стотици вработени оваа година, додека известуваше за побавен раст на претплатниците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПРВ ТАКОВ СЛУЧАЈ: Во САД застрелан полициски робот

Сè уште нема детали за тоа колку работници може да бидат засегнати, бидејќи Дизни ќе започне со формирање на работна група за преглед на неговите финансии.

Disney додаде милиони претплатници на своите стриминг услуги како Disney Plus, ESPN Plus и Hulu минатиот квартал.

Loading...

Сепак, дури и по покачувањето на цените и охрабрувањето на многу луѓе да изберат поскап пакет за забава, сè уште губи пари во својот бизнис бидејќи троши милиони за да создаде содржина што ќе ги задржи претплатниците да доаѓаат.