Хрватска влезе во шенген зоната и воведе евро како официјална валута

Сподели со своите пријатели

Хрватска од денеска е членка на Шенген зоната и од денеска наместо досегашната национална валута – куна го користи еврото.

Loading...

Со влегувањето на Хрватска во најголемата безгранична област во светот, граничните контроли на сите нејзини граници со земјите од ЕУ се укинуваат, додека границите со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора стануваат надворешни граници на ЕУ.

За граѓаните на земјите кои не се во ЕУ влезот на Хрватска во Шенген не носи промени во процедурата за преминување на границата бидејќи Хрватска до сега ги применуваше шенгенските правила.

Но, ќе има промени кога станува збор за нивниот престој во Хрватска, кој од 1 јануари 2023 година не може да биде подолг од 90 дена во кој било период од 180 дена.

Со влезот на Хрватска во еврозоната, хрватската валута куна на полноќ и формално беше заменета со евро.

Сепак, граѓаните ќе можат да плаќаат во куни до 15 јануари, но треба да добијат кусур во евра.

Исто така, во текот на 2023 година граѓаните ќе можат бесплатно да разменуваат банкноти и монети куни по фиксен курс (7,53 куни за еврото), а од 2024 година само во Хрватската народна банка.