Хотелските работници во Лос Анџелес на штрајк

Сподели со своите пријатели

Илјадници хотелски работници во Лос Анџелес вчера излегоа на штрајк за да побараат повисоки плати и бенефиции во градот каде високите трошоци за сместување им отежнуваат на оние со ниски плати да живеат во близина на нивните работни места.

Loading...

Unite Here Local 11, кој претставува 15.000 работници во повеќе од 60 големи хотели во Лос Анџелес и округот Оринџ, свика штрајк вчера за време на празничниот викенд на 4 јули, кога летната сезона на патувања е во полн ек во Јужна Калифорнија.

Тоа е еден од најголемите удари што ја погоди американската туристичка индустрија во последниве години.

Во исто време, се преклопува со штрајкот на холивудските сценаристи, кој е во својата 9-та недела и веќе го зема својот данок врз економијата и шоубиз продукцијата во Лос Анџелес.

Синдикалисти: Нашите членови прво беа уништени од пандемијата, а сега од алчноста на нивните шефови

Хотелските работници, вклучително и собарки, мијачки на садови, готвачи, келнери, носачи и рецепционери, се борат да си дозволат сместување во градовите каде што работат, а многумина останаа без работа за време на пандемијата, бидејќи профитот од индустријата се зголеми, се вели во соопштението на синдикатот.

„Нашите членови прво беа уништени од пандемијата, а сега од алчноста на нивните шефови“, рече копретседателот на синдикатот Курт Петерсен.

Од друга страна, преговарачите кои застапуваа 44 хотели го обвинија синдикатот за политиканство и неуспех да преговара со добра волја.

Неколку илјади работници престанаа да работат од вчераутро во десетина хотели, а се очекува тој број да расте со продолжување на штрајкот, изјави портпаролката на синдикатот Марија Хернандез.

Loading...

Што бараат синдикатите, а што нудат преговарачите?

Синдикатот постигна договор во петокот со својот најголем работодавач, Westin Bonaventure Hotel & Suites во центарот на Лос Анџелес, избегнувајќи штрајк во тој хотел, рече Хернандез и ја повика преговарачката група на хотелската индустрија „да го следи водството на Вестин Бонавентура“.

Синдикатот вели дека неговите работници заработуваат од 20 до 25 долари на час и бара итно зголемување од 5 долари на час и дополнителни 3 долари на час во следните години од договорот, плус подобрување на здравствената заштита и пензиите.

Преговарачите во индустријата нудат зголемување на платите од 2,50 долари на час во првите 12 месеци и 6,25 долари за четири години за повеќето работници.

Платите за собарките во Беверли Хилс и центарот на Лос Анџелес, моментално 25 долари на час, ќе се зголемат за 10 отсто следната година на повеќе од 31 долар до 2027 година, според понудата на преговарачите од индустријата.

Синдикатот бара и создавање на станбен фонд за работната сила во угостителството

Во исто време, синдикатот бара создавање на фонд за домување на работната сила во угостителството, кој, според управата, би се финансирал со нов данок од 7 отсто за гостите кои престојуваат во хотелите каде работниците се синдикално здружени.

Притоа, тој ги наведува резултатите од истражувањето кое покажува дека 53 отсто од хотелските работници биле принудени да се преселат во изминатите пет години или ќе се преселат во блиска иднина поради скокот на и онака високите трошоци за домување во градот.