Луксузен хотел во Јужна Африка им нуди на гостите да спијат на мост. Тоа е хотел што е всушност воз паркиран на железнички мост.
Хотелот се наоѓа во близина на кампот Скукуза во рамките на националниот парк Кругер, каде лавовите, леопардите, носорозите, слоновите и африканските биволи се шетаат слободно.
На попуст „парче од рајот“: Пропадна сезоната, се продаваат вили и хотели на Бали
Секоја од собите во хотелот или возот е дизајнирана од локални уметници, а гостите имаат пристап до посебна кујна и базен.
Во хотелот ќе можат да се сместат лица постари од 12 години, а до 2022 година ќе бидат изградени уште неколку простории за семејно сместување.
Хотелот се наоѓа во близина на кампот и во рамките на Националниот парк Кругер, каде туризмот постои околу сто години.
„Ciel Tower“ – новиот највисок хотел во светот (ВИДЕО)
Низ историјата, возовите на долги релации се паркирале преку ноќта на истото место каде што сега се наоѓа хотелот. Мостот Селати има историско значење, се наоѓа на реката Саби.
Воз – хотелот има 24 луксузни соби и секоја има поглед на реката и паркот. Преноќувањето ќе чини околу 520 долари.
Датумот на отворање на хотелот сè уште не е познат, но првите гости веројатно се очекуваат на крајот на годината.
Од нацистичка скривница до хотел: Бункер од Третиот рајх наскоро ги добива првите гости (ФОТО)