„Ciel Tower“ – новиот највисок хотел во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Хотелот Гевора долг 356 метри во Дубаи е наведен во 2018 година како највисок хотел во светот во Гинисова книга на рекорди. Сепак, неговото владеење ќе биде краткотрајно.

Loading...

Солитерот од 75 ката наскоро ќе биде засенет од пограндиозен објект – „Ciel Tower“од 360 метри визочина и ќе има 1.042 соби и апартмани распоредени на 82 ката.

Дизајнот на кулата, што се гради во богатата крајбрежна населба во Дубаи, е дело на архитектурата биро НОРР, што го потпишува можеби најпрепознатливиот хотел во Дубаи, познатиот Атлантис.

„Ciel Tower“ќе има стаклена платформа за набљудување, која ќе обезбеди поглед на градот од сите страни.

Посетителите исто така ќе уживаат во панорамски поглед од кровниот базен на хотелот.

„Ние не се натпреваруваме со никого, само сакаме да го направиме она што мислиме дека носи профит и убавина за нашиот град и тоа е она што ќе го направиме“, вели Ранет Мишра од Атлантис.

Дизајнерите добија три ИПА награди во декември за најдобра меѓународна хотелска архитектура, најдобра арапска хотелска архитектура и најдобра арапска кула.

„Дизајнот се вклопува во градот како целина и зградата е функционална. Секој дефинитивно ќе сака да ја помине ноќта барем еднша во највисокиот хотел на светот“, објаснува Мишра.

Loading...

Во новиот хотел ќе има најсовремен велнес центар, деловни простории и голем број на наградувани ресторани, од кои сите ќе бидат откриени во наредните месеци.

Изградбата започна во 2016 година, а во последните години голем број извонредно високи облакодери растат во истата населба, вклучувајќи ја и 306-метарската кула Каван и високиот објект Марина 101 од 425 метри.

Leave a Reply