Хирурзи во Киев останаа без струја среде операција на срце (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вчерашниот насилен руски ракетен напад врз Киев им предизвика големи проблеми на лекарите кои беа принудени да работат во моменти кога снема струја во голем дел од градот.

Loading...

Во Киевскиот институт за срце, персоналот беше на сред операција на срцето кога снема струја.

Биле принудени да ги вклучат генераторите за да можат да продолжат со операцијата од која зависеше животот на пациентот.

Борис Тодуров, директор на болницата вели дека се спасени сите 190 пациенти на Институтот.

„Неколку часа сме без вода. Се снаоѓаме, но како одминува времето станува се потешко. Продолжуваме да правиме само итни операции“, објави тој заедно со видеото од операцијата што се одвиваше во делумна темнина под светлината на рачните светилки.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...