Хезболах: Израел е на пат да пропадне и исчезне

Сподели со своите пријатели

Либанската група Хезболах објави дека нејзиниот најголем непријател Израел е „на патот на колапс, фрагментација и исчезнување“, коментирајќи ги поделбите во израелското општество предизвикани од спорните судски реформи.

Loading...

„Денес, особено, е најлошиот ден во историјата на тој ентитет“, рече лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насрала, според Ројтерс.

Тој додаде дека тоа е токму она што го става Израел, „дај Боже, на патот на колапс, фрагментација и исчезнување“.

Во Израел, голем број граѓани протестираат затоа што Кнесетот претходно денеска го усвои предлог-законот за судските реформи на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Со реформата се укинуваат овластувањата на Врховниот суд да ги поништува одлуките на владата и парламентот за кои смета дека се неразумни и штетни.