Хамбургер со ванила, шлаг и говедско месо е ХИТ на социјалните мрежи

Сподели со своите пријатели

Германскиот Бургер Кинг воведе нова палета на хамбургери за трудници, а менито стана хит на социјалните мрежи поради комбинациите од сладолед од ванила, јајца и маслинки или хамбургери со парчиња палачинки, свежи малини, сладолед и шлаг .

Loading...

Можете да изберете помеѓу пржени јајца и банани, колбаси со маринирана харинга, сладолед од ванила со јајца и маслинки или хамбургери со слоеви палачинки, свежи малини, сладолед, шлаг и говедско месо.

Поради необичните и прилично чудни комбинации на храна, менито стана хит на социјалните мрежи, а многумина изразија зачуденост.

 

 

„Изгледа дека сте побарале од шестгодишно дете да ги комбинира сите негови омилени јадења“, гласи еден твит.

Сепак, иако за многумина звучи прилично бизарно, новото мени има објаснување, а е наменето за сите идни мајки во Германија.

Loading...

Според Бургер Кинг, тие се тука за „да ви ја остварат желбата за време на бременост “.

„Преку репрезентативно истражување на идните мајки, Бургер Кинг го откри митот за желбата за храна во бременоста“, се вели во соопштението.

„Резултатот: Желбата за време на бременоста е најнормалната работа на светот и отпорот е речиси бесмислен“, додаваат тие.

Според една студија на Бургер Кинг во Германија, 58 отсто од жените чувствуваат желба за храна за време на бременоста.

Податоците исто така покажаа дека трите најпопуларни чудни комбинации на храна за идните мајки во оваа држава се мармалад и кисели краставички, рибини стапчиња и сос од јаболка и колбаси и маринирана харинга.