Хакирани Министерството за здравство и Министертвото за образование и наука

Сподели со своите пријатели

Министерствата за здравство и образование и наука се цел на хакери.

Loading...

Во моментот не е достапна веб страницата на Министерството за здравство, од каде велат дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.

Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот

Во меѓувреме, хакирано е и Министерството за образование и наука откако синоќа беа нападнати од македонските „Анонимуси“.

На сајтовите се појави црна заднина со текст и слика од „Анонимуси“ .

– Пак ние. Овојпат најбедното министерство е наш таргет, министерството за смрт. После се’ што видовме со наши очи, не можеме а да не останеме гневни на сите тие синови и ќерки ставени на позиција да водат министерство за здравство, и една добра: за сите медицински лица кои во моментов се во болниците и се борат 24/7 за сите Македонци заболени со ковид-19, ви симнуваме капа и ви се поклонуваме до земја. Секоја чест“, порачаа хакерите.

Leave a Reply