Гутереш му пиша на Путин

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш му предложи на рускиот претседател Владимир Путин „пат напред, насочен кон поправка, проширување и продолжување“ на договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море, изјави заменик-портпаролот на Обединетите нации, Фархан Хак.

Loading...

Гутереш побара од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да му го достави писмото на Путин, рече Хак во изјавата по средбата на Гутереш и Лавров во Њујорк.

Русија посочи дека нема да дозволи продолжување на Договорот за житарки, кој истекува на 18 мај, наведувајќи дека рускиот дел од договорот за извоз на руски житарки и вештачки ѓубрива не е исполнет, објави Ројтерс.

Хак рече дека писмото до Путин ги зема предвид неодамна искажаните позиции на двете страни и ризиците од глобален недостиг на храна.

Тој наведе дека слични писма биле испратени и до Украина, како и до Турција, која била иницијатор за таков договор.

За време на средбата со Лавров, Гутереш ги забележал руските приговори во однос на спроведувањето на договорот.

„Гутереш даде детален извештај за веќе постигнатиот напредок и ја повтори посветеноста на ОН да продолжи да се занимава со преостанатите прашања“, објави Хаке.

Лавров е во Њујорк за да претседава со состаноците на Советот за безбедност на ОН, а Русија ќе претседава овој месец.

Loading...

Амбасадорот на Кина во Обединетите нации, Џанг Јун, им рече на новинарите дека Пекинг би сакал договорот да продолжи.

„Се разбира, тоа би било корисно за целиот свет“, рече Џанг.

Британската новинска агенција наведува дека, според договорот, Кина е најголемиот увозник на украинско жито, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.