Гутереш: Мировните преговори за Украина во моментов се невозможни

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН во вторникот во интервју за шпански Ел Паис оцени дека „во овој момент“ не се можни мировни преговори за ставање крај на војната во Украина.

Loading...

„За жал, не мислам дека во моментов се можни мировни преговори“ и „Не гледам никаква можност за постигнување глобален прекин на огнот сега“, рече Антонио Гутереш во тој разговор.

„Јасно е дека (двете) страни се целосно ангажирани во војната“ и се убедени дека можат да победат“, нагласи генералниот секретар на ОН.

Сепак, Гутереш нагласи дека се надева оти во иднина ќе биде можно да се доведат Русија и Украина на преговарачка маса.

Во вторник, Русија го слави Денот на победата над нацистичка Германија во 1945 година.

Пред илјадници руски војници и политичка елита собрани на Црвениот плоштад во Москва, претседателот Владимир Путин ги обвини западните земји дека организираат „војна“ против Русија и им се заблагодари на хероите што се борат во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.