Грузија доживува економски бум поради 100.000 пристигнати Руси

Сподели со своите пријатели

Додека војната ја гуши Европа, мала нација „заглавена“ под Русија ужива во неочекуван економски бум.

Loading...

Имено, како што пишуваат странските медиуми, Грузија е на пат да стане една од најбрзо растечките економии во светот оваа година по драматичниот прилив на повеќе од 100.000 Руси кои побегнаа таму по инвазијата на Москва на Украина и стравот од мобилизација.

Додека голем дел од светот се движи кон рецесија, земјата со 3,7 милиони жители што граничи со Црното Море се очекува да забележи раст на економското производство за 10% во 2022 година поради огромниот пораст на потрошувачката, според меѓународните институции.

Така, скромната економија од 19 милијарди долари (16,7 милијарди фунти), позната во регионот по планините, шумите и винските долини, ќе ги надмине пазарите во развој како Виетнам и извозниците на нафта како Кувајт, пишува SkyNews.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.