Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

Сподели со своите пријатели

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Маријано Гроси, се надева дека ќе се сретне повторно со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин што е можно поскоро.

Loading...

„Да, се надевам дека ќе се сретнам што е можно поскоро“, изјави Гроси на новинарите во понеделникот за време на посетата на Аргентина, пренесува Тасс.

Гроси, кој се состана со Путин на 11 октомври во Санкт Петербург, рече дека неговата средба со рускиот лидер е исклучително важна за да се осигура безбедноста на сите нуклеарни постројки, вклучително и најголемата европска оперативна нуклеарна централа Запорожје во Украина.

Мисијата на МААЕ на чело со Гроси ја посети нуклеарната централа во Запорожје на почетокот на септември. По заминувањето на мисијата, двајца вработени во агенцијата останаа таму како набљудувачи.

Подоцна, МААЕ објави извештај во кој повикува на создавање безбедносна зона околу централата за да се спречат несреќи од воена акција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.