Грција: Најмалку 79 мигранти загинаа, прогласена е тридневна жалост

Сподели со своите пријатели

Најмалку 79 мигранти загинаа, а неколку стотици се водат како исчезнати откако рибарски брод потона во близина на Грција, во меѓународните води кај Пелопонез, соопштија грчките власти.

Loading...

Тоа е најголемата несреќа во која учествуваат мигранти во Грција од почетокот на оваа година, а привремениот грчки премиер Јоанис Сармас прогласи тридневна национална жалост, пренесе АП.

Досега се спасени 104 лица, но не се знае колку луѓе имало на бродот кога потонал во средата, соопштија грчките власти, пренесе Катимерини.

„Стравуваме дека бројот на загинати ќе се зголеми“, изјави еден од грчките официјални лица.

Истрагата на крајбрежната стража е во тек, а според достапните информации, на рибарскиот брод долг 30 метри во моментот на неговото превртување во близина на градот Пилос имало најмалку 400 луѓе.

Според телевизијата ЕРТ, бродот пловел од либискиот град Тобрук, а повеќето од патниците биле млади мажи на возраст од 20 години.

Грчките власти претпоставуваат дека рибарскиот брод за Италија тргнал од Тобрук, Либија.

Преживеаните се префрлени во градот Каламата.

Loading...

Досега оваа година околу 72.000 мигранти пристигнале во Италија, Шпанија, Грција, Малта и Кипар, според податоците на Обединетите нации, пренесува Танјуг.