11.07.2019 09:20

Гратче во Сицијлија во кое куќите се продаваат за едно евро (ВИДЕО)


Пред половина век гратчето во Сицилија, Поџереале, било погодено од земјотрес поради кој поголемиот дел од населението го напуштило засекогаш.

Меѓутоа, поголемиот дел од зградите останале и се уште се тука. И така овој град станал град на духови, заробен во времето пред земјотресот. Со креда се уште стои напишано 1968 година на ѕидот во делумно уништеното училиште.

loading...

Интересни факти за норвешкото гратче во кое шест месеци нема сонце (ФОТО)

Надвор од неговите поплочени улици границите се раскошни палати со украсени камени тремови и дворови во арапски стил. Некогаш тоа бил дом на богати земјоделци, а денес во нив времето го минуваат кучињата скитници.

Сицилијанците ова место го нарекле модерна Помпеја, музеј кој пружа отпор на природата. Според зборовите на градоначалникот на новиот Поџереал, градот изграден по земјотресот, подарачјето наскоро би можело да биде полно со живот, пишува CNN.

– Од потресот од 1968 година ова преубаво село е празно. Сакам да го извлечеме од мртвите и да направиме повторно да биде сјајно, како што било во минатото, вели Џироламо Канџелози.

Мрачни тајни на проколнатото гратче во Европа: За шест години 79 самоубиства (ФОТО+ВИДЕО)

Неговата идеја не е сон, подготвил и архитекти, а единствено што му недостасува се средства за да својот план би можел да го спроведе во дело. Со собирање средства започнал на глобално ниво и најпрвин се обратил на поранешните жители и нивните семејства. 5.000 од нив сега живеат во САД, 4.000 во Австралија за кои се верува дека во тие земји емигрирале по земјотресот.

Градоначалникот мисли дека може да ги убеди носталгичните поранешни жители да вложат во своите стари домови, но и да привлечат пари од други туристи кои би сакале да добијат прекрасно парче од Италија по поволна цена.

– Патувам низ светот за да се поврзам со локалните семејства кои отишле таму одамна, а се уште се длабоко поврзани со своето родно метсо и сакаат да помогнат, вели канџелози и се надева дека туристите кои ја сакаат оваа земја, мал градител на станбени населби и мигрантите од Поџореал, кои сега живеат во други земји, ќе помогнат.

loading...

Гртаче кое го голтаат планините, а туристите тука доаѓаат за посебна атракција (ФОТО)

Тоа е последен пример на итаијанско гратче без жители кое го користи овој радикален начин за да се спаси од заборав. На низа други локации таквите стари куќи, за оние кои сакаат да се доселат и нешто да вложат, им се продаваат по цена од едно евро. Тука и таа понуда би можела да биде на маса, се додека инвеститорите се подготвени да дадат и 50.000 евра колку што е потребно старите градби да се реновираат, кога ќе се обноват улиците и плоштадите и инфраструктурата.

Поради профит се потопува град стар 12.000 години

Оној кој е подготвен да вложи треба да биде свесен дека купува парче од италијанското минато. Градот чие име во превод значи „кралски дом“ основан е во 1642 година од принц на кој тоа подарчје му го подарил Фердинанд IV.

Фото: Youtube printscreen


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments