Гранатирани цивилни објекти во Харков

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Харков Игор Терехов на Телеграм објави дека градот бил гранатиран во текот на ноќта.

Loading...

„Во текот на ноќта беа гранатирани окрузите на градот Харков – Центар, Немишалски и Слободански. Оштетен е колеџот, оштетени се комуникациите и критичната инфраструктура, искршени се прозорците на неколку станбени згради, неколку тролејбуси беа погодени од шрапнели“, соопштија Терехов.

 

 

 

Според него, таму каде што паднале непријателските проектили, нема ништо што наликува на воени објекти, туку само цивилна инфраструктура.

Терехов нагласи и дека нема жртви или повредени.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...