Градоначалникот се оженил 60 години помлада девојка: „Никогаш не се скаравме“

Сподели со своите пријатели

Жителите на централното унгарско село во саботата имаа можност да видат чудна глетка – нивниот градоначалник се оженил со 60 години помлада девојка.

Loading...

Андраш Сабо минатата сабота се ожени со 18-годишна девојка. Интересно е што невестата има 4-годишно дете. Забременила со маж во триесеттите кога имала само 13 години. Мештаните биле поделени околу венчавката. Некои рекоа дека 18-годишната жена сè уште била млада девојка. Други веруваа дека љубовта нема граници и прифатија дека градоначалникот и младата мајка се заљубени.

 

 

Младоженецот Андраш Сабо за унгарскиот таблоид изјавил дека нивната тајна е меѓусебното разбирање. Тие делеле заеднички ставови за многу работи и решиле да не се замараат за разликата во годините.

Градоначалникот, поддржан од владејачката Фидес на Орбан на изборите за локална самоуправа во 2019 година, призна дека е премногу стар за сопругата. Сепак, тие беа вљубени еден во друг. Смета дека ќе имаат неколку добри години пред нив. Многумина ја поддржаа необичната венчавка, а други рекоа дека тоа не е добра идеја – се присети градоначалникот.

“Не зборуваме ни за разликата во години. Имаме голема почит еден кон друг. Никогаш не сме се скарале, и мислам дека се е во ред, и ќе биде добро се додека немаме други проблеми”, откри Сабо.

Loading...