Андроид телефоните собираат податоци за локацијата и ги испраќаат до Google иако сте исклучени од услугите за лоцирање, ако не користите ниту една апликација, па дури и ако не користите СИМ картичка, објави сајтот Quartz.
Терминот „услуга за лоцирање“ често се однесува на точните GPS податоци потребни за користење на апликации, како што е Google Maps која ја пронаоѓа најдобрата патека до целта, или Uber кој открива каде точно се наоѓате за да возачите може да ве соберат.
Loading...
Сепак истражувањето на посочениот сајт открило дека дури и ако преземете наведени мерки, телефоните со оперативен систем Андроид собираат податоци за вашата локација и ги испраќаат до Google кога ќе се поврзете со интернет. Текстот кој е бојавен содржи детали за тоа како Google може да ја следи локацијат ана корисницикот со триангулација, односно одредување на локацијата на корисникот со помош на три базни станици кои го опслужуваат уредот.
Од јануари 2017 година, сите видови Андроид телефони собираат адреси на блиски базни станици, дури и ако услугите за лоцирање се оневозможени и шифрирани податоци испраќа во Google. Резултатот на тоа е што Google има пристап до локациите на корисникот и го знае нивното движење што е далеку над разумните очекувања на кориснциите кога се работи за почитување на нивната приватност. Тоа е пракса против која корисниците не можат ништо.
http://kumanovskimuabeti.mk/kako-telefon-nekoristi-bil-gejts/
Изворот кој е запознаен со ова, вели дека Google додал функција за собирање податоци од базните станици за да го подобри својот Firebase Cloud Messaging, каде уредите мора редовно да пингуваат сервер за да веднаш добиваат пораки.
Quartz во врска со ова ги контактирал претставниците од Google, кои потврдиле дека тоа е пракса.
Адреси на базни станици се собираат во информации кои се испраќаат во системот кој Google го корсити за да управува со зивестувањата и пораките на Андроид телефоните, и тоа така во изминатите 11 месеци, рекол портпаролот на Google.
НОВА ОПЦИЈА НА FACEBOOK: Со еден клик до бесплатен WiFi (видео)
Тие никогаш не користеле ниту чувале информации, а компанијата сега презема чекори да стави крај на ваквата пракса. До крајот на месецов, Андроид телефоните повеќе нема да испраќаат локации за податоците за базните станици до Google, барем кога станува збор за овој конкретен сервис кој корисниците не можат да го исклучат.
Портпаролот на Google рекол дека сите модерни Андроид телефони користат систме за синхронизација на мрежат акој бара мобилн кај земјата и мобилната мрежа, така да податоците за базната станица се наречени Cell ID кодови и се сметаат а дополнителен сигнал за понатамошно подобрување на брзинат аи перформансите на испорака на пораките.
Локации кои не можете да ги погледнете преку Google maps (фото)
Ова е изненадување, со оглед на тоа дека податоците за базните станици обично се во рацете на мобилните оператори и дека само во екстремни случаи ги делат со други компании.
Меѓутоа, ваквата пракса на Google овозможува во радиус од 400 метри или помалку да се одреди каде некој се наоѓа, со адрес од неколку базни станици. Ова има конкретни безбедносни последици за луѓето кои не сакаат да бидат следени, што значи дека е најбезбеден начин да се зибегне следењето да престанете да користите телефони со приперј картички. Ова исто така би можело да стане примамлива цел за хакерите кои сакаат да дојдат до приватните информации.
„Google photos“ ја надмина бројката од 100 милиони корисници (видео)
Ажурирањето кое ја отстранува оваа функција за собирање податоци ќе биде објавена кон крајот на овој месец, велат од Google.
Од друга страна, условите на сервисот се уште нејасно зборуваат дека кога користите услуги од Google, тој може да собира и обработува податоци за вашата локација, со помош на различни технологии, вклучувајќи ја IP адресата, GPS и други сензори кои може да пружат информации на Google за уредите во близина, Wi-Fi пристапни точки и базни станици.