Го преживеала Холокаустот, а 104. роденден го прослави пред Ѕидот на плачот

Сподели со своите пријатели

Израелата Шошана Овиц, го преживеала Холокаустот, а сега по повод својот 104ти роденден собрала стотина свои потомци пред Ѕидот на плачот во Ерусалим.

Loading...

– Не го знаеме точниот број, но тука има околу 400 внуци и потомци, изјавила Пнина Фридман, најстарата внука на славеничката за израелските медиуми, откако фотографиите од прославата станаа популарни на социјалните мрежи.

По убиството на Хитлер, сите нацисти избегале во овој град, но таму биле уапсени

Тава прослава не било лесно да се оргаизира, а се започнало со испраќање пораки и телефонски повици, раскажува внуката. Сепак, оние кои живееле во странство не успеале да дојдат.

Внуците раскажале дека Шошана го преживеала Аушвиц откако ја одвоиле од мајка и која ја предале на нацистичкиот лекар нарекуван „Ангел на смртта“, Јосеф Менгел, озогласен по суровите експерименти над затвореници. Нејзиниот татко исто така страдал во Аушвиц.

По ослободувањето од Аушвиц и Холокаустот, барајќи ги роднините го среднала идниот маж Дов Овиц и се омажила за него во доцните триесети години.

20 години му биле потребни да го прочита писмото на мајка си од Аушвиц

Тој бил нејзин роднина, чија сопруга и четири деца исто така страделе во Холокаустот, навеле израелските медиуми.

Loading...

Пред да дојде во Израел живеела во транзитниот логор во Австрија каде ја родила првата ќерка.

Подоцна семејството се преселило во Хаиф, каде родила уште два сина и една ќерка, а децении подоцна има стотина потомци.

Ќерка на поранешен најозогласен нацист работела за германската тајна служба

Шошана Овиц сакала прославата на 104от роднеден да биде посебна со целото семејство пред светото место.

– На сите ние беа полни очите со солзи. Беше многу емотивно, рекла внуката Фридман.

Leave a Reply