20 години му биле потребни да го прочита писмото на мајка си од Аушвиц

Сподели со своите пријатели

Френк Грунвал (87) го преживеал Холокаустот додека неговите родители Вилма и Курт и братото Џон завршиле во Аушвиц во декември 1943 година.

Loading...

Френк имал само 12 години кога нацистите го уаспиле неговиот брат Џон (16). Нивната мајка знаела дека ги водат во гасна комора и не сакала да дзоволи да го одведат сам, па одлучила да тргне со него.

Само неколку моменти пред смртта напишала писмо на своето семејство и го дала на чуварот во надеж дека ќе го проследи на вистинската адреса. За среќа тоа и го сторил.

Многу години по смртта на родителите, Френк одлучил да го прочита мајчиното писмо, кое го подарил на Музејот на Холокаустот на САД.

– Мојата мајка секогаш добро ги проценуваше луѓето. Во тоа успеала и кога избрала на чуварот во логорот да му го даде писмото, рекол Френк, а пренесува британскиот Метро.

Неколку месеци подоцна, Аушвиц бил ослободен и Френк се нашол повторно со својот татко.

– Ми рече дека има писмо од мојата мајка која го напишала пред да биде убиена. Како што ми рече тогаш, тоа било проштално писмо во кое мојата мајка посакала остатокот од животот да го мине најдобро што може. Тогаш имав 12 години и не можев да го прочитам. Ме болеше самата помисла на тоа, објаснил Френк.

Loading...

Неговиот татко починал во 1967 година кога Френк одлучил да го прочита писмото на кое стоел датумот 11 јули 1944 година. Во првиот дел од писмото се обратила до неговиот татко Курт.

– За тебе, мојот едиснтвен, во изолација сме, чекаме таму. Размислувавме за тоа да се криеме, но одлучивме да не го правиме тоа, бидејќи е се безнадежно. Камионите веќе стигнаа и само го чекавме неизбежното. Мирна сум, направивме се што можевме. Останете здрави и запамтете ги моите зборови, времето ќе излекува се. Води сметка за моето мало златно момче, и не го разгалувај премногу, напишала Вилма.

Во пимсото на двајцата им посакала да проживеат прекрасни животи.

Френк писмото го предал на музејот во кој му рекле дека тоа е единствено сведоштво за менталното здравје на затвореник од тој период.

– Се сеќавам дека и кажував на сопругата дека се плашам оти мајка ми ќе биде заборавена. Меѓутоа, сега кога писмото се најде на изложба во музејот, знам дека нема, заклучил Френк.

Leave a Reply