Гневен сопственик на БМВ го запалил автомобилот пред седиштето на компанијата (видео)

Сподели со своите пријатели

Гневен сопственик на BMW серија 7, Хади Поурмохсени, го запалил својот автомобил пред фабриката на познатиот произведувач во Минхен.

Сопственикот бил незадоволен од бројните дефекти на автомобилот, а ова не бил прв пат тој да има несогласувања со БМВ-то.

За помалку од три минути украде BMW X6 (видео)

Loading...

Имено, во 2013 година тој имал проблеми и со моделот М6. Разочаран од однесувањето на дилерот, а подоцна и произведувачот на неговите примедби, Хади својот М6 го искршил со чекан во 2013 година пред салон за автомобили во Франкфурт.

Истиот автомобил подоцна го поправил, само за да во 2014 година го довезе пред салон за автомобили во Женева и повторно го искрши со чекан.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.