Гитаријада утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Занаетчискиот дом во Куманово утре со почеток во 21 часот ќе се одржи рок фестивалот „Гитаријада“.

Loading...

Честа да го отвори фестивалот ќе имаат „Cursed heart“ и „NOMAD“, а ќе го затворат ѕвездите на вечерта Мизар.

Организатор на настанот се Art Attack и Фондација за култура и спорт под покровителство на граодначалникот и Советот на Општина Куманово.

Првата Гитаријада се одржала пред 55 години

Првата Гитадијата во Куманово се одржала на 5ти ноември 1967 година во просториите на Друштвото за телесно воспитување „Партизан“.

Во преполната сала имало над 1.000 младинки имладинци, а настапиле „Ред Росес“, „Глечери“, „Немирни“ и „Крвави дечаци“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  77 санкционирани возачи изминатиот викенд во Куманово

Настапот на бендовите го следела специјална жири комисија која доделила и единствена награда за најдобар вокално-инструментален состав.

Во еден несекоједневен амбиент, во кој се играло и пеело, младите не можеле да се контролираат, настапиле бендовите, со желба да бидат најдобри, со желба манифестацијата да ја доживее својата кулминација.

Како резултат на сето тоа владеела атмосфера, како да настапувале популарните „Битлси“, пишувал некогашен „Наш весник“.

Loading...

Жири комисијата во една таква атмосфера едногласно со 105,5 поени за најдобар состав ги проласила младинците од составот „Ред росес“ на кои им била доделена награда во износ од тогашни 15.000 старидинари. На останатите за учеството им биле доделени по 5.000 стари динари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во Слупчане

Жири комисијата едногласно се согласила, за најдобар интерпретарот на бит музиката да ја прогласи младинката Мира Антовска, член на „Ред Росес’ за интерпретација на мелодијата „Опрости“.

Некогаш популарната манифестација со години не се одржуваше во Куманово. Воскресна пред три години по повод 500-годишниот јубилеј на градот Куманово.

Никола Ивановски / фото: архива