Германски воени бродови минуваат низ Тајванскиот теснец и покрај протестот на Кина

Сподели со своите пријатели

И покрај протестите од Кина, Германија инсистира на минување на нејзините воени бродови низ тајванскиот теснец, објави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Loading...

„Се работи за меѓународни води. Тоа е најкратката рута и, со оглед на временските услови, најбезбедната рута и затоа ја користиме“, рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус (Социјалдемократската партија на Германија СПД) во Берлин.

Писториус со тоа ги потврди наводите дека германската фрегата Баден Виртемберг и придружниот брод за снабдување Франкфурт на Мајна се на влезот во Тајванскиот теснец.

Пред тоа кинеското Министерство за надворешни работи остро реагираше на најавата за минување на германски воени бродови низ теснецот, кој Кина го смета за нејзини територијални води.

Пекинг ги отфрла провокациите

„Силно ги отфрламе провокациите и заканите на другите земји против суверенитетот и безбедноста на Кина под изговор за слободно користење на поморските патишта“, се вели во реакцијата од Пекинг без да се прецизира за кои земји се мисли.

Пекинг го смета Тајван за дел од Кина, а со тоа и Тајванскиот теснец за свои територијални води.

Во исто време, Тајван исто така ја смета оваа област за своја водна територија.

Тајванскиот теснец веќе го користеа американски воени бродови во минатото.

Loading...

Германска фрегата и брод за снабдување се на враќање од мисијата во Јужна Кореја, каде што учествуваа во обезбедувањето на спроведувањето на санкциите на ОН против Северна Кореја.

Ова е прв пат од 2002 година германски воени бродови да го користат овој воден пат.