Германка уапсена во Русија поради планирање терористички напад

Сподели со своите пријатели

Германска државјанка е приведена денеска во рускиот регион Ставропол под сомнение дека планирала терористички напад врз објект на безбедносните сили, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на Ројтерс.

Уапсена со бомба во ранец

Државната новинска агенција РИА ја цитира Федералната служба за безбедност (ФСБ) која објави дека 57-годишна Германка е уапсена во градот Пјатигорск и дека имала бомба во ранецот.

Според ФСБ, бомбата требало да ја активира „исламист од Централна Азија“.

Ројтерс не може независно да потврди детали од медиумските извештаи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пекол на Црното Море: Украински дронови запалија клучно руско пристаниште, има мртви (ВИДЕО)