Германија го слави Денот на германското единство

Сподели со своите пријатели

Германија денеска свечено го слави Денот на германското единство, 32-годишнината од обединувањето на двете Германии.

Loading...

По тој повод во Ерфурт престојуваат германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.

На свеченоста во операта во Ерфурт ќе зборуваат претседателот на Бундестагот Бербел Бас и премиерот на Тирингија Бодо Ромелов.

На церемонијата и претходеше заедничка молитва во катедралата во Ерфурт.

Во попладневните часови се планира претседателот Штајнмаер да прими граѓани од 16 германски покраини.

Со различни манифестации, под мотото „Заедно“ во саботата во Ерфурт започна прославата на 32-годишнината од обединувањето на двете Германии.