Гаспром дополнително ја намали испораката на гас за Италија

Сподели со своите пријатели

Руски Гаспром дополнително ја намали испораката на гас на италијанската Ени за една третина, а денеска на компанијата и испорачува околу 21 милион кубни метри гас, објави Ени.

Loading...

Просечните испораки во последните денови беа околу 32 милиони кубни метри гас, според Ени.

Дел од гасот доставен до Италија од таа руска групација се испорачува преку гасоводот Северен тек 1, кој од денеска е затворен поради редовен ремонт.

Гасоводот Северен тек 1 треба да биде ремонтиран до 21 јули.